ГЛАСАЈТЕ ПО СМС ЗА СВОИТЕ ФАВОРИТИ

Избираме најдобри спортисти за 2010

Резултатите се сумираат на 23 февруари, а прогласувањето е на 25 февруари


 

Редакцијата “Зенит” ја продолжува традицијата. По трет пат готви Избор на најдобрите од прилепскиот спорт. Прогласувањето и доделувањето на наградите е на 25 февруари. Дополнително ќе се одреди терминот и локалот. Титули ќе добијат најистакнатите во фудбал, олимписки и неолимписки спортови. Читателите можат да се вклучат со гласање до 23 февруари преку СМС пораки во неограничен број на 075 149 309 (30 денари плус 18 отсто ДДВ). Во пораката доволно е да се напише редниот број пред избраниот спортист. На секоја порака може само еден глас. Гласовите, претворени во поени, се додаваат на Комисијата и збирот ќе ги даде победниците, а еден од читателите ќе биде награден со пригоден подарок. Јавноста е поделена дали да има избори, кога очигледно спортот тешко излегува од кризата и губи на квалитет. Но, ентузијасти во неколку клубови се борат жилаво, внесуваат надеж и од тој аспект гледано, не креваме раце, ни бело знаме, туку колку можеме даваме придонес. За 2008 беа прогласени фудбалерот Илија Несторовски (Победа), борачот Стојанче Тушески (7 Мај Леов) и параглајдеристот Мартин Јованоски (Делта). Во 2009 успехот го повторија Несторовски и Јованоски, а се приклучи ракометарката Цветанка Срњакова (Жито Прилеп).

Фудбал 

Олимписки 

Неолимписки 

Новче Ацески (11 Октомври)

Јованка Гусакоска (џудо, Пролетер)

Зоран Велкоски (моделарство, АК Прилеп)

Денис Димитриоски (11 Октомври)

Борче Тошески (џудо, Сеишин)

Кирил Димески, моделарство, АК Прилеп)

Стојанче Дунимаглоски (11 Октомври)

Благојче Ѓорѓиевски (кошарка, Ултимејт баскет)

Дејан Ѓорѓиески (шах, Прилеп)

Стевче Иваноски (11 Октомври)

Бранко Јанески (кошарка, Ултимејт баскет)

Тони Кироски (шах, Прилеп)

Бекташ Јусуфоски (Победа јуниор)

Дејан Заов (борење, 7 Мај Леов)

Славе Трајкоски (шах, Прилеп)

Дејан Кебакоски (11 Октомври)

Ѓоко Јочкоски (пинг – понг, Младост)

Мартин Јованоски (параглајдерство, Делта)

Дејан Кулески (11 Октомври)

Марија Когој (ракомет, Жито Прилеп)

Миле Јованоски (параглајдерство, Делта клуб)

Игор Мирчески (11 Октомври)

Цветанка Срњакова (ракомет, Жито Прилеп)

Поликсенија Јованоска (карате, Ронин)

Филип Мирчески (11 Октомври)

Тања Шалевска (ракомет, Жито Прилеп)

Зорица Спиркоска (карате, Ронин)

Благојче Рутески (11 Октомври)

Веселин Кочоски (бокс, Ас)

Иле Ристески (кик – бокс, Горила)

 

Владимир Магдески (стрелаштво, Херој Прилеп)

Сашо Цветкоски (с. риболов, Пец – пец)

 

Младена Петрова (фудбал, ЖФК Победа)

 

 

Христина Ристеска (атлетика, 3 Ноември)

 

Loading