ПРОМОЦИЈА В МАНАСТИР

Промоција на книга за војводата Толе Паша од новинарот и публицист Тренчо Димитриоски ќе се одржи утре во манастирот Св. Ѓорѓија во селото Дуње во организација на културно истражувачкиот центар “Калеш Анѓа”. Промотори ќе бидат д-р Влатко Караџоски и писателот Петар Петрески. На 160 страници преку историски и фактографски податоци е раскажан животот и делото на легендарниот војвода Толе Паша, кој живеел и дејствувал од втората половина на 19 век до почетокот на 20 век и загинал на 3 февруари 1904 година во битка кај селото Гуѓаково – вели авторот Димитриоски. Во рамките на промоцијата ќе се одржи панихида за Толе Паша и син му Велјан и комитска вечер на која ќе бидат рецитирани песни за војводата.

Loading