ПОДОБРИ СМЕ!

Дијана Наумоска беше голман на Арион

Во фокусот е голманката на Жито Прилеп, Дијана Наумоска. Кичевката до летоска бранеше токму во Арион. Совршено го познава клубот. Спонзорот замина, со тоа и четирите засилувања од странство. Тимот е подмладен. Го гледав во декември, кога загубија меч дома од силен ривал. Ценам дека сме подобри во квалитет – вели Наумоска. Адути на Арион се голманката и бекот, единствената репрезентативка. На нивна страна е натпреварувачката форма, бидејќи грчкото првенство е во тек. Не знам колку се подготвени да се спротивстават. Работевме напорно со најдобриот тренер Магдинчев. Размислувам само за триумф – категорична е Наумоска. Мечот е во Леково, Леринско. Околу 20 километри е од Птолемаида. И таа сала е позната на Наумоска. Сум тренирала таму. Мала, но убава. Не знам дали ќе биде исполнета. Верувам дека ќе ја паметиме по убаво – заврши Наумоска.

Loading