ЏОРЏ БАРА ДОСТОИНСТВЕНО ДРЖЕЊЕ

Поддршка од САД

Спонзорот на РК Жито Прилеп, бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, иако е во далечни САД, во дава неопходна поддршка пред утрешниот меч. Најчесто на линија е со генералниот директор на АД Жито Прилеп, Горан Јанков. Бара достоинствено држење. Целта да ја оствариме. Порачува да не потклекнеме, а дома да се покажеме добри домаќини, но на спортскиот терен, се разбира – да победиме – информира Јанков. Оптимизмот од Џорџ се пренесува на управата. Сите веруваат во екипата, која пред три месеци го победи големиот фаворит Металург. Можеа тогаш, можат и сега до успех. Фаворити сме. Треба да ја оправдаме таа улога – порачува Горан Јанков.

Loading