ПОДГОТОВКИ НА ТЕРЕН И В САЛА

Младинци

Професионалниот погон, првиот тим на фудбалскиот второлигаш 11 Октомври работи две ипол недели, а многу не заостануваат младите категории. Младинците со Тони Наумоски, кадетите на Божо Милошески, пионерите од Борче Ангелески и Владо Димоски секојдневно се на задача. Тренинзите се на игралиште и во фитнес. Се користи и салата “Маркови кули”. Никогаш вака не се работело – велат тренерите. Над 100 надежи ги усовршуваат техниките на фудбалската игра. Има многу трчање, кревање тегови, а малку топка. Само тие што ќе издржат, се наметнуваат во составот. Талентот е фактор 10, 20, најмногу до 30 проценти. Останатото е работа – порачуваат стручњаците. Пролетта е предизвик. Младинците атакуваат на повисок пласман од седмото, кадетите од петтото место, додека пионерите го бранат врвот.

Loading