Тони Чатлески, директор на ЦК,, Марко Цепенков,,
“Центарот за култура ќе стане мултифункционален. Следните четири години ќе креира содржини на високо уметничко и естетско ниво”. Ова го посочува Тони Чатлески, кој ја доби довербата од Министерството за култура и следните четири години да го води Центарот. Според него, ќе се посвети максимално внимание на сите дејности: театарската, ликовната, сценско – музичката, издавачката, преку кои и досега се постигнаа значајни резултати. Ќе доминира квалитет и препознатливи содржини. И нови содржини за збогатување на културниот живот, кои пак ќе влијаат на подигнување на културата на повисоко рамниште. Програмата е насочена кон развој на институцијата – вели Чатлески. Акцент ќе се стави на популарната култура, како облик на манифестирање на културното однесување. Популарната култура има повеќеслојни димензии – социолошки и социјални. Планираме организација на џез фестивал, денови на алтернативна музика, работилници за уметничка критика, театарски маратони, различни типови на воркшопови – вели директорот. Не ќе се заборават ни вложувањата за подобрување на условите за работа. Ќе инвестираме во препокривање на објектот, во реновирање на големата сала, на сцената. Се насочуваме на подобрување на условите за остварување на содржините од четиригодишната програма со која ја добив довербата – вели Чатлески, во чиј претходен мандат се остварени квалитетни културни активности, репрезентативни не само во земјата, туку и во странство.