ПРЕМИЕРАТА НА “МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ”

Идната недела

Финишираат подготовките на претставата “Маратонците го трчаат почесниот круг”, во режија на Кирил Петрески. Премиерата е закажана за идната сабота. Претставата е по текст на Душан Ковачевиќ, во кој се говори не само за провинцискиот, патријахален дух, не само за граѓанскиот салон, туку и за секоја друга средина, во која не се почитуваат законите на природата и правото. Играат Димитар Вандески, Петар Димоски, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Димитар Црцороски, Марија С. Илијески, Цветанка Чавлеска, Димитар Ѓорѓиевски и Зоран Иваноски. Во театарот течат и пробите за претставата за деца “Добриот великан”, што по текст на бугарската писателка Красимира Методиева, ја режира Милан Секулоски, која многу брзо ќе биде премиерно прикажана за најмладата публика.

Loading