СТРУМИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА НА ВИДЕЛО

Во Центарот за култура

Изложба на дела од 47 меѓународна Струмичка ликовна колонија ќе биде отворена вечерва во 19 часот во двете галерии на Центарот за култура. Се претставуваат 19 автори, учесници и гости на колонијата, која се одржува секоја година под покровителство на ЦК “Антон Панов” од Струмица. Пејзажи, мртва природа, мозаици, апстракција, се само дел од триесетината дела. Изложени се дела од Тони Чатлески, Газанфер Бајрам, Томе Бундевски, Ангел Гавровски, Илија Кочовски од Македонија, Рафаела Тоси од Италија, Ксенија Робкова од Русија, Јакуп Хајро од Турција, Атанас Ташев од Бугарија, Грега Мастнак од Словенија…. На Струмичката ликовна колонија, досега учествувале над 800 уметници, сликари, мозаичари, скулптори од сите краеви во светот.

Loading