“ПРЕСКОК” НА ВЕНЕЦИСКО БИЕНАЛЕ

Со проектот “Прескок” од скулпторот Жарко Башески, Центарот за култура ќе учествува на 54 Венециско биенале, кое на тема “Илуминации” ќе се одржи по 54 пат од 4 јуни. Довербата е потврда за залагањата на Центарот афирмација на ликовната дејност не само во земјата, туку и во странство – вели Тони Чатлески, директор на ЦК”Марко Цепенков”. “Прескок”, под кураторство на Емил Алексиев, е ново ликовно истражување со јасен и разбирлив ракопис во духот на современото ликовно творештво. Се демонстрира неореалистичен јазик и ликовен потфат, вреден за внимание. Проектот има три наративни скулптури со големи димензии изработени во полиестер и силикон, кои се продолжение на скулптурите изложени во галеријата лани – вели Чатлески. Според Алексиев, врската меѓу скулптурите е човекот кој сам себе си се носи, човекот кој сам се прескокнува и човекот кој се надвисува. Низ скулптурите ќе се гледа грчта, болката, патетиката и величенственоста на напорот да се биде човек.

Loading