ПРОЛЕТЕР ОСТАНУВА НАЈДОБАР

Џудо

Џудо клубот Пролетер, еден од најстарите во земјава, останува најдобриот. Мерило се резултатите од 2010 година. Државен првак екипно за мажи, многу победници на државните поединечни и со четири медали од балканските првенства. Најсјаен е од Требиње, во сениорска конкуренција на Јованка Гусакоска. Бронзениот медал е одличен резултат. Гусакоска е нашиот најдобар натпреварувач, но има и други надежни. За нив работи времето – вели Славе Димитријоски, тренер со синот Игор Димитријоски. Предизвик се наредните натпреварувања. Над 60 членови, во четири термина неделно, се подготвуваат во салата на СОУ “Орде Чопела”. Немаме календар од Федерацијата и не знаеме што претстои. Познати се традиционалните турнири, во Србија и Бугарија од март натаму – истакнува Славе Димитријоски.

Loading