ДУЈО ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА

Диме Христоски – Дујо пред 20 години бранеше во 11 Октомври, во тандем со репрезентативецот Гоце Груевски – Чолако. Се посвети на малиот фудбал, беше прогласуван за најдобар. Лани освои титула од Т-мобајл и награда до Норвешка. По ова, го остава спортот. Немам предизвик. Рекреацијата не ме интересира, само турнирите, а нив ги нема. Доста е со голманската кариера – вели Дујо. Еден е од вработените во арена “Сонце”. Втор месец е вклучен во чистење, разубавувањето. Подготвено се чека ракометниот дуел на 13 февруари, со Гркинките. Цел живот во спортот и пак со него. Работам со песна, а за сопствениците можам да кажам се најдобро. Тука ми е иднината – вели популарниот Дујо.

Loading