КОРИСНИ ТЕСТОВИ ВО СРБИЈА

Ракомет: Жито Прилеп се враќа од турнејата

Отсуствуваше само повредената Гичева

Женскиот ракометен суперлигаш, Жито Прилеп, имаше три контроли на турнејата во Србија. Серијата меѓународни тестови стартуваше во вторникот со пораз од Јагодина Светозарево со 22-40. Во средата беше дуелот со домаќинот, Врњачка Бања ( 22 – 27 ), а синоќа, на враќање силите се одмерија со Наиса во Ниш. Корисни тестови. Имаме појасна слика, знаеме до каде сме со подготовките – вели Ристо Магдинчев, тренерот на Жито Прилеп. На располагање се 15 првотимки. Расположени за голови на првиот меч беа Тања Шалевска, Цветанка Срњакова и Весна Ацковска по пет, Марија Папуџиева четири, а Ивана Петковска три погодоци. Ривалот беше поподготвен, влезен во првенствен ритам, со ненадоместлива предност. Бевме некомплетни, без повредената Мери Гичева. Поради ногата цела недела одмара. Се надеваме дека не е сериозно – истакнува Магдинчев. Откажан беше натпреварот со чачански Борац. Причина е смртен случај во семејството на нивниот клупски претседател. Наместо планираните четири, се одигра еден меч помалку. Можен е реванш со Јагодина во Прилеп. Потребни се два меча за запознавање во арената “Сонце” – смета Ристо Магдинчев. Остануваат само осум дена до првиот осминафинален меч од Челенџ купот. Наредната сабота е гостувањето на грчкиот Арион, во Леково близу Птолемаида.

Гркинките со сала од 400 седишта

В сабота, 5 февруари, во 15 часот, натпреварот од европскиот Челенџ куп, Арион – Жито Прилеп, ќе се одигра во градската сала во малото градче со 35 илјади жители, Птолемаида. Капацитетот е скромни 400 седишта. И да се преполни, објектот не може да прими повеќе од 600-700 луѓе. Гркинките ќе видат вистински спортски објект, осум дена подоцна. Реваншот е во недела, 13 февруари, во 19 часот, во разубавената арена “Сонце”. Таа има близу 1500 седишта, а со стоење може да прими до 2000 навивачи на Жито Прилеп.

Доаѓаат Русинки и Србинка

Жито Прилеп, наредниве денови носи три потенцијални засилувања. Покрај две Русинки, бек и крило од првакот на таа земја, Звезда, на проба треба да дојде и голманка од Србија. Во градов ќе бидат една недела. Најверојатно првата можност да се покажат е на пријателскиот меч со Јагодина од Светозарево, во вторник – најавуваат од Жито Прилеп. Клубот лани имаше една од странство, голманката Александра Стојков, која летопска се врати во Србија.

Loading