МАКЛЕРА ПРОТИВ ИШИЈАС И РЕВМА

Маклера е името на растението кое се продава како лек против ревма и ишијас. Слично по карактеристиките со брокулата или карфиолот, но со ситни зрна слепени и начичкани едно до друго со светло зелена боја. Карактеристично растение со впечаток дека станува збор за мекотелен жив растителен свет кој расте на дрво. На прилепските пазарџии им го нудел прекупец, кој го набавувал од Скопје. Продавачот објасни дека топчестото тврдо растение се сечи на парчиња и се става три недели да отстои во ракија, а со течноста се мачка телото. Креми, масти, пасти се добиваат од сé. Па, и од ова растение.

Loading