ЖИТО ПРИЛЕП ДАРИ ЗЛАТНИК НА СЕМЕЈСТВОТО НИКОЛОСКИ

Златникот, што традиционално неколку години го подарува Жито Прилеп во еден од василичарските буреци, годинава среќа ќе им носи на семејството Николоски. Младата брачна двојка Николоски верува дека златникот ќе биде нов ксметлив старт за плодна година. Ветуваат дека традиција ќе ја продолжат. Среќните добитници добија и и богата кошница со производи. Житоприлеп за Василица испрати до прилепачни 1800 тепсии бурек. Ќе се одржува традицијата да се става златна паричка во еден од буреците. Згора на тоа, ќе се крева и квалитетот на производството за одржување на довербата, но и за привлекување на нови муштерии.

Loading