СТАРА ГРАДСКА АРХИТЕКТУРА ГО ЗАЛИЧУВА ПРИЛЕП

СТАРА ГРАДСКА АРХИТЕКТУРА ГО ЗАЛИЧУВА ПРИЛЕП

Централното градско подрачје е неисцрпен извор на приказни за своето постоење. Фотографијата сама кажува многу. На сликнатото место сега никнуваат нови градби во модерен стил, со стакла. Луѓето бараат практичност и корист. Забележливо е на старите градби во центарот на градот, посебно живеалиштата кои биле тесните и мали припуштани со еркери. Тоа се дополнителни дрвени диреци кои го крепеле припуштениот дел. Вертикални бројни прозорци, високи дрвени затворени порти, чардаци, пречени ѓерамиди кои поцрнеле од дождовите се вклопуваат и личат убаво на старите градби. Кога на сето ќе се додаде отчукувањето на Градскиот часовник кој стамено стои и брои бесшумно години наназад низ столетијата, потоа крошенстите дрвја кои постојат да затскријаат мизерии, тогаш мирисот на Прилеп е тука. Да Ве опие, да ве зароби повторно да се навратите тука низ историјата, низ спомените, низ контактите и песните.

Loading