ПЕТТО ДЕТЕ КАЈ ДИЧОСКИ

Петта рожба стаса кај семејството на Зоран и Билјана Дичоски. Родителите се среќни што на свет го донеле малиот Димитар. Тој им е нова радост дома. Ќе им се приклучи на големото семејство на братчињата, осумгодишниот Христијан и на шестгодишниот Марко, и на сестричките, четиригодишната Ана и едноиполгодишната Софија. Сите растат во атмосфера на семејна топлина. Таткото Зоран вели дека сите прсти на раката се исти. Така и сите деца се еднакво сакани и донесени на свет од љубов. Мајката Билјана вели дека Димитар ќе им биде последна челад. Градоначалникот Марјан Ристески му подари златно крвче на малиот Димитар. Не ја изневери детската љубопитност. На сите деца во семејството им дари пригодни подароци. Ги охрабри родителите за негување на здрава семејна средина. Им честита на нивниот придонес за раст на наталитетот во земјава, порачувајќи им и на останатите брачни двојки да го следат примерот на Дичоски.

Loading