ИДНИНАТА Е ВО 100 НАДЕЖИ

Младинки

РК Жито Прилеп расте младите категории. Со највозрасните надежи работи Менде Петлески, професор по физичко, некогаш член на Т. Комбинат и Вардар. На полусезоната сме четврти. Требаше време за воигрување, откако ги презедов во август. Можеме до второто место, а после кон врвот. Ме интересираат само победи и титули – амбициозен е Петлески. Иднината е кај младинките, кадетките кои се втори во рангот, пионерките. Вкупно се близу 100. Тајните ги учат во пет термина неделно. Неколку се наметнуваат во првиот тим. Има талентирани за одбрана и напад. Бргу напредуваат, за нив ќе се чуе. Публиката сака да гледа засилувања, но и домашни, да има за кого да навива – вели Петлески.

Loading