ФЕНЕРИЧНИ СВЕТЛИНИ

Се менуваат старите фенери во паркот околу Саат кулата. Наместо досегашните кои се понежни, се поставуваат поцврсти високи со по еден фенер со матно стакло. Убавиот украс од ковано железо плус светулки е нова декорација со практична задача. Новите фенери кои му светат и на Итар Пејо треба да се постават и на други места во чаршијата. На дуќанџиите добро би им дошла малку повеќе светлина, а на романтичните би им светеле од “повисоко да ја затскријат” интимата.

Loading