ТАЛЕСКИ, ФУДБАЛЕР ВО НАЈРАКОМЕТНИОТ ГЕРМАНСКИ ГРАД

Кире Талески (19), дефинитивно се прибра во германскиот четвртолигаш Кил. Успешни беа тестовите, тренинзите. Бројната документација е комплетирана. Бараа сé и сешто, податоци лични и од родителите. Се вклучи менаџерот, помогна сопственикот на клубот. Дојдоа во Македонија и со нивна заложба амбасадата даде виза за премин – задоволен е Талески. Веќе е во одбраната на Кил. Се наметнува кај тренерите во големата конкуренција. За полесно вклопување учи германски. Градот, познат по ракометните титули, е шанса за докажување. Одиме кон врвот на табелата. Сигурно се враќаме во професионалната трета лига, а после отворен е патот нагоре – најавува Кире Талески.

Loading