ИЛИЈА НАЈДОСКИ ПЕШАЧЕЛ ДО КРИВОГАШТАНИ

Историја

За најпознатото фудбалско име кое играло во Победа, стоперот Илија Најдоски, има непознати детали од почетоците на неговата кариера. Во 1980 година, на 16 години, од крушевски Питу Гули преминува во прилепскиот, тогаш југословенски второлигаш. Од родниот град патувал секој ден. Во тој термин немаше комбе и мораше пешки до Кривогаштани. Минуваше над 10 километри секој ден. Не се жалеше, беше психофизички издржлив, упорен и – успеа, Мило ми е, јас го препорачав – вели Борче Ангелески, негов сограѓанин, сега тренер во 11 Октомври. Најдоски имаше настапи за југословенската и македонската репрезентација, за Вардар, Ц. Звезда, со која стана европски и светски првак, Ваљадолид, Денизли спор, ЦСКА и Сион. Во Победа најдобро одигра сезоната 1981/82.

Loading