КРИК ЗА СПАС ОД МРАК

Борба за видело за близначката Бинас Таироска

Престојот во инкубатор заради предвременото раѓање 97 проценти и го оштетил видот на 14 месечната близначка 

На братчето Таир белградски офламолози му го вратиле видот 

 

Без детски сјај во очите, закржлавена радост и насмевка, само со плач и неконтролирано тетераво лазење низ домот, се движи 14 месечната близначка Бинас Таироска. Слепа е. Не го почуствувала виделото на денот, откако ослепела во инкубаторот во Скопје, поради предвремено раѓање. Братот, близнак, Таир весело патка низ куќата на Таироски во населбата Тризла. Докторите го куртулиле од темнината со операција.

 

 

Две илјади евра до сјајот на сонцето 

Родителите Демир и Фејзија не се предаваат да и дадат “сонце” и на близначката Бинас. Немаат пари, но имаа душа и срце, храброст и верба дека ќе успеат да í обезбедат нормален живот на својата рожба. Да обезбедат пари за лекарска интервенција во болница во Истамбул, молат од врата на врата, се мачат од утро до мрак, да соберат две илјади евра, од потребните десет за Бинас. Разликата од осум илјади евра ќе ја плати државата. Ги молат сите доброчудни луѓе да им помогнат да го извадат детето од мрак. Трагедијата на семејството Таироски почнала на 27 август 2009 година, кога мајката Фејзија на свет донела порано две близначиња. Докторите од Прилеп ја упатиле во Скопје на одржување на бебињата во живот во инкубатор. Сé беше во ред со бебињата. Но докторите соопштија дека Таир е слеп, а Бинас е добра. Се јавија дека доктори од Белград ќе му го вратат видот на машкиот дел од близнаците, на Таир. И успеаја. А Бинас била добра. Не за долго. И кај неа открија дека останала жива со 97 проценти оштетен вид. Сепак, има надеж да се радува на детството. Видот може да и дојде со операција во Истамбул, која чини десет илјади евра. Треба да платиме само две илјади. Тоа е за нас е фантастика, оти никој не работи, туку живееме од аргатлак, тутунопроизводство и социјална помош. Тешко успеваме да ги прехраниме, а камоли да им обезбедиме две илјади евра за операција. Има доволно добри луѓе да ни помогнат, и Бинас да игра со кукли и други играчки, да ги препознава родителите, да ги гушка и бакнува, да го осознава светот со учителка во училиште – зборува во плач 24 годишната мајка Фејзија.

Сака да патка, но не знае што ја опкружува 

Дедото Таир плаче и кажува дека душата му се кине кога го гледа немоќното слепо внуче да не се смее, да му врати со прегратка кога го думка во скутот. Сé ќе направам за ова дете. Светот ќе го поминам да му дадам очи. Кога има можност да прогледа, нема да го оставиме да не види бел ден. Ќе го спасиме и ќе се радуваме. Тоа во детството, а јас во староста и милоста на внуците – вели дедото Таир. Бабата Шукрие 24 часа е со Бинас. Додека родителите р’мбаат, се грижам за Бинас. Гараметно е одгледување слепо дете. Со брат í Таир немам тешкотии. Со неа, човек треба да има отворени 24, оти лесно може да се повреди. Расте, зрее, а не чувствува, не знае, оти не гледа. Постојано е во солзи. Лази, сака да стане да патка, да чекори, ама не знае каде оди. Се удира по каучите и креветите. Се одѕвива на повиците со гестови. Претпазливо ја вардам, оти може да се изгори, да се попари. Само да се свртам, постои опасност да се осакати – објаснува бабата Шукрие. Таировски не се предаваат. Се борат со несреќата што ги навасала. Упорно собираат, штедат евро по евро за операција за отстранување на слепилото. Првин обебедуваат пари за пасоши за Бинас и за мајката, а после за операцијата. Стравуваат да не се влоши состојбата, и патот за среќно детство да остане празен.

Зенит започнува хуманитарна акција за собирање на средства за операција на 14 месечната Бинас Таироска. Ќе се организира донаторски повик, за враќање на видот на малата Бинас. Собраните средства ќе бидат директно префрлени во Фондот за здравство. За деталите контактирајте ја редакцијата на Зенит на телефон 048 550 140.

Loading