КОРМИЛОТО ЗА КОСТОСКИ – АТАНАСОСКИ

Кошарка

По заминувањето од У. Баскет на скопјанецот Панче Милевски, подготовките во вторникот ги почна Сашо Костоски, а најверојатно ќе му се придружи Влатко Атанасоски, досегашниот претседател на клубот. Одговорноста за стручниот дел е поделена. Функционираме како тандем. Соработуваме со Атанасоски, кој има и стручни квалитети. Претстои многу работа за кусо време до 29 јануари и првото наредно првенствено гостување кај АБА Струмица. После е клучниот меч дома со Куманово. Дури има најмали шанси за опстанок, ќе се бориме – вели Костоски. Панче Милевски замина без да ги каже причините, разделбата е пријателска. Коректна, заедничка одлука. Немаше кавги, недоразбирања. Се посветувам на приватни обврски – рече Милевски. На првиот тренинг беа само четворица: Божиќ, Николоски, Ќурчиев и Младеновиќ. Се очекува приклучок на Јовановиќ и браќата Славиша и Бранко Јанески и Михајловски. Заминат е Лазиќ, а неизвесен Кобај. Потенцијални засилувања се Талевски и Захариевски од Пелистер.

Loading