ЗБОГУМ ЛЕГЕНДИ!

Ин мемориам

Прилеп остана без две спортски легенди, фудбалската Кирил Анески – Туман (74) и ракометната, Миле Нешкоски (41). Анески играл за Победа во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век. Продолжи како тренер и секретар на ОФС. Во длабоко сеќавање е на соработниците. Интерсена личност, еден од најдобрите ракометари и одбојкари, а се посвети на фудбалот. Заслужен е за две влегувања во втора лига. Беше висок, стабилен одбранбен играч. Година ипол седевме заедно во стан. Ни готвеше мајка му. Како тренер ги извади Магдески, Манески, Ѓорѓиоски, Марјан Стојкоски Манта… Три – четирипати го водеше првиот тим и за малку не се пласира во прва лига. Најтешко болен се интерсираше за фудбалот – вели Борче Ангелески – Влашето. Нешкоски во Т. Комбинат беше бек од осумдесеттите години до лани. Стаса до репрезентација. Една година беше во Саудиска Арабија. Последните сезони во Златен даб и РК Прилеп беше играч и тренер. Цел град се прости. Беше сакана личност. Како брат, целиот живот го поминав со него. Голем човек и спортист, меѓу најдобрите ракометари во земјата. Не играше на сила, туку со знаење. Диригент на тимот. Не достигна зенит, сакаше и други убавини од животот. Беше среќен. Штета поради кризата на клубот. Ќе се надминеше како тренер со визија, креативост и комбинаторика. Беше привилегија да се биде со него и никогаш вистински нема да умре – рече Кристијан Илиески – Кицо.

Loading