ТУРНИР ПО ЕДНА ГОДИНА

Шах

По речиси една година, прволигашот ШК Прилеп организира брзопотезен турнир во просторијата сместена во Стара чаршија. Добредојден е за раздвижување на шаховската јавност која посакува побројни активности. Терминот е 16 јануари. Очекуваме околу 16 учесници, според бројот на масите со кои располагаме – осум – велат од ШК Прилеп. Клубот се соочува со финансиски маки. Од возобнувувањето пред три години, бара решение, ама работите стојат вместо. Чекаме спонзор за скромни пет – шест илјади евра годишно – порачуваат од клубот.

Loading