СВЕТНА ДАБОВ ПАРКЕТ

Арена Сонце

Продолжува реконструкцијата на Спортска арена “Сонце”. Свети поставениот дабов паркет. Маргините се обоени во црвено, а линиите во жолто, според клупскиот амблем на Жито Прилеп. Обележени се терените за ракомет, кошарка и одбојка. При крај е ложата над голот, две простории во една голема. Молерите ја освежија цела сала. Секоја педа се реконструира. Разубавени се соблекувалните со тушеви, ресторанот… Близу 1500 седишта се шприцани црвени, како нови. Записничката маса е крената на првиот ред од трибината. За непречени тренинзи на Ж. Прилеп пред дуелот со Гркинките, тимот во салата, предводен од Рубин Седлоски, гарантира навремено завршување.

Loading