КОЛЕКТИВОТ – АДУТ НА ЖИТО ПРИЛЕП

Ракомет: Тренерот Ристо Магдинчев со детална анлиза

Во женскиот суперлигаш, Жито Прилеп, имаа комплетна анализа на есенскиот дел, каде го делат лидерското место од табелата. Се оценуваше секоја ракометарка и деталите од играта. Сé е позитивно. Задоволувачки се процентот на шут и додадени и загубени топки. Не е добра играта во одбрана, со повеќе грешки. Мора да се поправиме – вели Магдинчев. Прогресот е низ подготовките, кои траат десет дена. Во Крушево се работи кондициски до недела, после в сала е тактичко – техничкиот дел. Воигрувањето е на осум до 10 пријателски средби, со ривали од Србија и Романија. Ја усовршуваме колективната игра, бидејќи немаме екстра класа ракометарка, која сама може да реши меч. Ја вклопуваме новата Кристина Илиеска и ја подигнуваме на повисоко ниво играта на бековите. Шест недели ќе работиме на одбрана, шут, финти и се друго, составен дел на играта. Колективот е наш адут – смета Магдинчев. Стратегот вклучува младинки: Сандра Дурланова, Марија Петлеска, Сара Цанеска, Зорица Јолеска… Играчкиот фонд се проширува, за конкуренција и соодветни замени. Подмладокот е со сличен режим како сениорките. Младинките играат по исти шаблони, за да не губиме време кога ќе дојдат во првиот тим – истакнува Магдинчев. Навивачите се загреваат за грчкиот Арион и шампионот Металург. Предизвик е пласманот меѓу осумте во европскиот Челенџ куп, а убава шанса е да се освои првата титула. Чекор по чекор, без брзање. Прво да ги елиминираме Гркинките, после ќе дојде на ред Металург. Ривалите се за респект и само труд може до успех – заврши Ристо Магдинчев.

Судат Азербејџанци и Украинци

Првиот меч со Арион се игра на 5 или 6 февруари во Птолемаида. Домаќинот обезбедил сала од 1000 гледачи, а досега играл во помала – училишна. Реваншот е во недела, 13 февруари, во Спортска арена “Сонце”. На гости ЕХФ одреди судии од Азербејџан, а дома делегирани се Украинци.

Loading