ТРЕНЕР – НАДАРЕН ЗА СУДИЈА

Борче Ангелески, учител на пионерите во 11 Октомври

Со пионерите на ФК 11 Октомври е легендарниот Борче Ангелески – Влашето. На 68 години стаса како да е на почеток. Работи лесно, со елан. Демонстрирам, оти теорија не е доволна да сфатат децава. Кога не ќе можам практично, се повлекувам. Засега не размислувам за крај – вели Влашето. 11 Октомври е есенски првак во групата, над фаворитот Пелистер. Фудбалерчињата покажаа дарба. Има таленти во одбрана и напад. Четворица ги бараат во репрезентација. Шест години сум со нив, а есеноска, со доаѓање на Витаминка, ги добивме условите. Децата израснуваат во фудбалери. Верувам дека на 17 години ќе добијат шанса во првиот тим, како Моша Марјановиќ што ми ја даде мене во 1960 година. Така се станува играч – порачува Ангелески. Се сеќава на животна дилема пред четири децении. Врвниот делител на правдата, Перула Костоски му препорачувал да стане судија веднаш во републичка лига. Бев надарен за арбитар, мислам дека ќе се снајдев во секакви ситуации, како Трајче Маџо. Но, ме привлекуваа талентите. Не се оставаат децата. Одвај чекам сабота за тренинзи – заврши Борче Ангелески.

Loading