ПОРТПАРОЛКАТА СО ПРСТЕН

Кате Крстеска, портпаролот на Локалната самоуправа, наскоро ќе заплива во брачните води. Нејзин избраник е Кире Китанов, финансискиот директор на ЈП Водовод и канализација. Дознаваме дека паднал зборот во кругот на семејствата и блиските, двајцата млади да го продолжат животот со бурми на прстите од рацете. Со воздржуваат да одговорат дали бракот ќе го овековечат со традиционална свадба со венчавка во црква, со промена на круните од страна на нункото и свештеник. Таинствени се и на прашањето кога Кирил ќе го облече зетовскиот костим, а Кате ќе биде невеста. Се знае дека љубовта ја крунисуваат со веридба во семејствата во присуство на најблиските и дарување со накит на снаата од страна на свекорот и свекрвата. И зетот Кире бил накитен со доста подароци од баба и од дедо. Колешката од новинарскиот еснаф Кате Крстеска сокрива со какво презиме понатаму ќе треба да ја запишуваме во медиумите.

Loading