СТИБЕРА НА ИЗЛОЖБА ВО СКОПЈЕ

Околу 150 артефакти, делови од мермерна портретна пластика, керамички предмети, фрагментирани садови, предмети од коска, пронајдени во археолошките истражувања на локалитетот Стибера, се дел од седумте илјади предмети изложени на четвртата изложба на движни археолошки наоди во Музејот на Македонија во Скопје. Ги презентираме најзначајните наоди од Стибера, иако лани истражувавме помалку. Локалитетот крие значајно богатство – вели советник археолог Лилјана Кепеска од Завод и Музеј – Прилеп.

Loading