ПОВИСОКО КРЕАТИВНО НИВО

Културата лани и годинешните очекувања

Успешна била минатата година за културните институции Така велат надлежните. Во атмосфера на криза постигнати се значајни успеси. Некои се закитија со награди и признанија. Надежите се поголеми за годинава. Ориентација ќе им било подигнувањето на културното рамниште и Прилеп да стане репрезент на културата и уметноста во Македонија.

Квалитет и квантитет во Центарот за култура

– ЦК “Марко Цепенков” нанижа богатство креации лани. Продолживме по трасираниот пат на културно качување на институцијата во сите домени. Лани театарот ги потврди успесите од 2009 година. Бевме нај на МТФ “Војдан Чернодрински” со “Кавкаскиот круг со креда”. Одлични сме и со “Антица”, со која планираме гостувања во повеќе балкански и европски земји. Наскоро премиерно ќе се изведи “Маратонците го трчаат почесниот круг”. Уметнички се засиливме со седум актери и го решивме недостигот на креативен кадар. Од тимот се очекува највисок дострел – посочува директорот Чатлески. На ликовната и сценско музичката дејност имавме раскошна културна понуда. Околу 40 изложби.Тоа е фантазија не само за Прилеп. И то квалитет од плејада уметници од земјата и странство. Ново ликовно доживување преку треттата колонијата ,,Дрен,,. Гикренавме стандардите за културен квалитет. Силно се стремиме кон зенитот на ликовно поле. Успешни сме и кај манифестациите од сценско-музички карактер. Организиравме атрактивни концерти. Успеваме да понудиме 30 настани за културното лето, а низ целата година над стотина музички збиднувања. Центарот стана магнет за заробениците на културата и на други гранки. Секој втор – трет ден нова понуда. Излезе Стремеж. Тој е значаен белег за литературата. Инвестиравме во нова аудио опрема во театарот, се реновираше внатрешноста во старата театарска зграда – додава Чатлески. Центарот проектира поуспешна година. До Министерството за култура се доставени обемни содржини. Со пари од Министерството и од сопствени средства ќе го подобриме културниот живот. Со четири интересни претстави ќе го привлечеме вниманието. Продолжуваме со изложби и со мноштво концерти. Претендираме да претставиме наши уметници надвор од земјата. Центарот да биде медијатор меѓу институциите и уметниците. Ќе понудиме културно лето, ќе го задржиме трендот на позитивна енергија, квалитет, но и нови инвестиции во реновирање на големата сала, уредување на сцената, покривање на зградата. Останува проектот за ново кино со 200 седишта – завршува Чатлески.

Акцент на СААТ кулата и Участакот

Во Завод и Музеј 2010 година ја оценуваат како успешна. Очекувааат дека и оваа да е плодна. Реализиравме 70 насто од програмата. Задоволни сме од истражувањата, од спроведувањето на проектите за конзервација… Изработивме десетина заштитно конзерваторски проекти. Ја завршивме со изложбата посветена на стариот Прилеп. Ја бараат во други градови – вели директорката Гордана Данилоска – Спироска. За 2011 година, Музејот од Министерството за култура бара поддршка за 52 проекти. Тоа се проекти од областа на заштитата, музејската дејност, истражувањата. Кон крајот на јануари ќе се знае колку проекти ќе се прифатат. Акцент е ставен на санација на Саат кулата, на Музејот 11 Октомври (Участакот), на санација на црквата Св. Никола во село Манастир, Мариово, на конакот на Свети Арахангел Михаил. Ќе промовираме каталогот за Музејот за тутун. Чекаме пари за доградба на салата на постојаната археолошка поставка – потенцира Данилоска – Спироска.

Ќе се реновира роднокрајното одделение во Библиотеката

Минатата година за Библиотеката “Борка Талески” беше во знакот на јубилејот, 65 од формирањето, но и во реализација на бројни проекти, кои ќе продолжат и годинава. Отворивме посебен влез за Библиотеката, добивме документ од Владата за трајно користење на просторот. Ја реновиравме внатрешноста, набавивме нова литература, меѓу кои над 30 наслови од Нобеловци (Шолохов, Мистрал, Кавабата, Сјенкијевич, Франц, Пирандело, Хесе, Милер, Маркес), странска и стручна литература, издадовме монографии, водич низ Библиотеката. Ги подготвивме традиционалните манифестации: месец на книгата, Поетско Маркукуле, но не заборавивме и на бројните промоции. Одбележавме 65 години со неколку манифестации, промоции меѓу кои Водичот низ Библиотеката, енциклопедијата “Прилепчани во 19 век”, Биобиблиографијата за Борка Лазески. Круна беше трето ноемвриската награда – вели Петар Петрески, директор на Библиотеката. Во 2011 година планираат продолжување на електронска обработка на книжниот фонд, издавање на три нови наслови за прилепското културно наследство, издавање на Библиосвет. Со дигитализацијата на книжниот фонд, Библиотеката ќе се вклучи во модерното компјутерско библиотекарство. Планирано е и уредување на роднокрајното одделение и набавка на нова литература.

Loading