ИНСТАЛАЦИЈА НА ГРАБУЛОСКА ВО САРАЕВО

“Земја – воздух” е насловот на изложбата со инсталација на Софија Грабулоска, отворена во Сараево, БиХ. Вајарката го дефинира вечниот однос на материјалите, воздухот и земјата, како стабилно и статично, наспроти движечкото. За критичарката Нада Пешева, авторот во инсталацијата “го искористил материјалот – дрвото, како пандан на земјата, и металната конструкција, која ги фиксира деловите и помага во формирањето на целината”. Грабулоска дипломирала на ФЛУ во Скопје, во класата на професор Жарко Башески, отсек вајарство со конзервација и реставрација. Имала четири самостојни изложби во земјата, Литванија, Русија и Јапонија, а учествувала на групни. Претседател е на ДЛУП Прилеп.

Loading