“ДИЈАЛОЗИ” ЗА ВАСИЛЕ ДИМЕСКИ

Писателот и поет Василе Димески е добитник на наградата “Дијалог” за најдобро поетско остварување во 2010 година за стихозбирката “Не е ноќ дури те паметам”. Тоа е десетта поетска книга, која претставува значаен придонес во мозаикот на творечки тенденции и вредности карактеристични развојот на современата македонска поезија. Димески е автор и на девет драми и на полемиките “Мојата пресметка со нив”.

Loading