ЗАСЛУЖУВААТ СВОЈ ТЕРЕН

ФК Корзо

Најголема новогодишна желба на третолигашот Корзо е добивање свој терен. Долги три години здодеа играње само на гости. Мачни се тренинзите и мечевите во Г. Коњари. Неиздржливо е. Навивачите трпат. Градот вети и очекуваме терен – вели Панде Трајчески, претседател. Играчите велат дека се презадоволни од опремата и грижата на управата. Доволно било првиот клупски човек да се појави за мотивација. Другарството и моралот се фактори. Имаме полетни играчи. Се засиливме со Рошкоски и Димески, а во план се уште тројца. Од деветтото одиме кон третото место на табелата – најавува Трајчески. Во третата лига прва е Победа јуниор, а одлично играше и третопласираната, кривогаштанска Младост, погон на второлигашот 11 Октомври.

Loading