НОВИНАРСКИ ЖУР

И заиграа, и запееа. Новинарите од градот, заедно со фоторепортерите и камерманите за миг заборавија на трката по информации и вести. Во крајно опуштена атмосфера, наздравија со градоначалникот Марјан Ристески со желби за среќна и бериќетна година што доаѓа. На новогодишниот журналистички жур беше и претседавачот на Советот Димитар Стевананџија и директорите на јавните претпријатија. Македонско оро со новинарските пера зави и бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Традиционалната новинарска новогодишна средба се одржа во ресторанот на хотел Сонце.

Loading