ПЛАНИНАРСКА ЧЕСТИТКА ОД ПЕЛИСТЕР

Околу 60 – тина планинари од “Јане Сандански” и битолските љубители на височините се веселеле предновогодишно на Пелистер во моликови побелени длабочини. Зимскиот тивок ден, во планинарскиот дом “Копанки” на 1450 метри височина, традиционално, ја наполнил планинарската душа. За предновогодишната прошетка во дивината да биде комплетна, се погрижи и Дедо Мраз, кој подели дел од радоста со “запалениците” на природата. Пред почетокот на прославата благодарници добиле Славе Ристески, еден од најстарите прилепски планинари и претседател на друштвото, како и на Фредерих Семакула, познат како Фреди од Уганда.

Loading