МАРКУКУЛЕ ОД АВИОН ПРЕД ДЕЦЕНИИ

Еден крак од Маркукуле. Еден поглед од високо. Височина до чиј врв се стасува по камените грамади расфрлани на стеновитото здание. Местото е наречено Заград. Погледот кон Варош. На останати дел од плоднатата рамнина и денес успева традиционалниот варошки тутун. Дел населен со куќи од Варошани. Култно, културно и духовно гнездо со многу споменични обележја. Во карпести стеги се згрчил манастирскиот комплекс Св. Арахангел Михаил. Чардакот крцка под нозете на најпобожните верници. Авионската панорама доловува и дел од Марковите кули, дури и остатоците од бедемот и марковата палата.

Loading