ИЗЛОЖБА ЗА 90 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МАРКО ЦЕПЕНКОВ

ЦК “Марко Цепенков” со ретроспективна изложба на 30 слики од колониите Дрен, одбележа 90 години од смртта на патронот, најголемиот собирач на народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фоклористика, етнографија, лингвистика, за националната историја и моралот на Македонците. Скромно го одбелжуваме делото на Цепенков, кој оставил над 5500 поговорки, над 800 приказни, 150 песни, стотина гатанки, благослови, верувања, клетви, соништа, собрани во десет книги – велат од Центарот за култура.

Loading