ЗАПИСНИЧКА МАСА НА ТРИБИНА

Арена Сонце

Реновирањето во Спортска арена “Сонце” се забрзува. Новиот паркет е поставен и лакиран. Околу теренот има црвена боја, а линиите се жолти, според клупскиот амблем на Жито Прилеп. Извршено е варосување по пауза од 10 години. Рекламните паноа се отстранети и фирмите можат да договараат нови. Записничката маса која беше до аутот, да не попречува на играчите се преместува на трибина. Над неа е место за новинарите. Се вадат и бришат близу 1500 седишта. Се дезинфекцираат и двете трибини. Набавени се нови голови и мрежи, според европски стандарди. По три години, се поправа големиот семафор. Над голот се проширува просторија за ложа. Скршените стакла се заменуваат. Две соблекувални се разубавуваат, а се прави и трета за судиите. Пред Божик треба се да е готово, за непречени тренинзи на ракометарките од Ж. Прилеп.

Loading