ТОМЧЕ ПЕТРЕСКИ – ТРЕНЕР ВО БИТОЛА

Поранешниот тренер на Златен даб, Томче Петрески, е тренер на РК Битола, машки прволигаш. Таму е шест месеци. Клубот е солидно организиран. Добро одигравме, трети сме на табелата, со шанси за врвот – задоволен е Петрески. Целта не е високиот пласман, туку прогресот на младите ракометари. Меѓу нив можеби се “крие” идниот Томче Петрески, некогашен бек, незаменлив репрезентативец. Многу фактори влијаат. Треба талент, физички предиспозиции, интелигенција, дисциплина, многу труд, а секако и време – нагласува Петрески.