ВАДЕЊЕ СО КУМАНОВО

Кошарка

По осум првенствени порази во серија, кошаркарскиот прволигаш Ултимејт баскет има можност да се извади во купот. Ждрепката го даде за противник едно место погорепласираниот, осмиот Куманово. Мечот дома е на 12 јануари, а реваншот во Куманово три дена подоцна. Таму за бодови загубивме со 16 разлика и редно е да го вратиме долгот. Ќе ја искористиме шансата. Убаво е да поминеме за самодоверба – велат во У. Баскет. Ако се мине Куманово, чека лидерот и шампион, Фени индустри. Желба е меч дома со најатрактивниот ривал. Немаме сала и двапати гостувавме во Кавадарци. Конечно да го доведеме моќниот Фени во Прилеп, поради публиката – истакнуваат од У. Баскет. Тренерот Панче Милевски првиот тренинг по Нова година го најави за 8 јануари.

Loading