МЛАДИТЕ ПОБЕДУВАА

Пинг – понг

Тимот на Младост 96 по неостварената желба за влез во супер лигата, беше одличен во првата лига. Забележани се четири победи на толку мечеви. Немаме конкурент, првото место не ни бега. Без пари тренираме напорно. Заслугите се за Даниел Матракоски, Антонио Стомнароски, Марио Апостолоски, Андреј Габроски и Христијан Иваноски – вели Кире Ѓорѓиески, тренерот. Сениорскиот првак Младост ја губи титулата. Подобри беа лидерот Крива Паланка и вториот, штипски “Гоце Делчев”. Ѓоко Јочкоски, Гоце и Александар Штаргоски, со младинецот Андреј Лашкоски не се на ниво. Се гледаме од меч на меч. Мора повеќе тренинзи – порачува Зоран Јованоски, тренерот. Неискусната женска екипа, Младост 96, без заминатата во скопски Студент Катерина Багеска, со Александра Рувческа, Соње Ѓорѓиеска и Јана Николоска, нареди четири порази, а првиот триумф е најавен за напролет.

Loading