СТАТУЕТКИ ЗА ПРИЛЕПЧАНИ

Карате

Карате федерацијата на Македонија ги прогласи најдобрите, носителите на “златни” медали од Балканијадата во 2010. Меѓу нив се: помладата кадетка Мишела Димоска, јуниорката Поликсенија Јованоска (КК Ронин) и кадетот Мартин Петрески (КК Спорт 94). Добија статуетки и спортска опрема на задоволство на тренерите Елизабета и Златко Димоски, односно Пеце Белистојаноски. Без награди не останаа и трофејните од балканското првенство: Маријана Димоска, Анастасија Матеска (КК Ронин), како и Сара Симоноска (КК Спорт 94).

Loading