АТРАКЦИИ ПРЕД ЏОРЏ

Ракомет: Жито Прилеп со 12 победи во серија

Женскиот ракометен суперлигаш “Жито Прилеп” со триумф ја заврши есенската полусезона. Во немилост беше скопски Вардар осигурување ( – ). Успехот е 12-ти во серија. На трибина беше спонзорот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Игравме со срце. Му се оддолжуваме за поддршката – велат ракометарките. Милина за гледање е табелата. Собрани се 39 бода, исто колку Металург. Откако е тренер Ристо Магдинчев нема пораз, ниту реми, се редат само – победи. Сите ривали се надминати, преостанува рамноправна борба со шампионот. Планот е остварен. Целта не беше да победуваме со 20 разлика, туку сите да играат и напредуваат – истакнува Магдинчев. Првичните амбиции беа второ место, но прв титулата ја спомна спонзорот. Значеја охрабрување зборовите “зошто второ место, кога можеме прво? Треба да се вивнеме најгоре”, порача Атанасоски пред сезоната. Ни треба успех на гости со Металург. Со реми и победа дома, прваци сме. Имаме шанси за титулата – смета Магдинчев. Наредниот првенствен меч е во февруари, на гости кај Ѓ. Петров.

Збогум со сала “Македонија”

Жито Прилеп” го одигра последниот меч во салата “Македонија”. По Нова година е преселбата во сопствениот, топол објект, спортска Арена “Сонце”. Големата желба се исполнува. На располагање ќе имаме седум часа дневно за сите категории – задоволни се од клубот. При крај е реновирањето.

Loading