БОШЊАК “ПОЗЛАТЕН” НА КРУГОВИ

Гимнастика

Одличен настап на Дино Бошњак на силниот меѓународен гимнастички турнир во Нови Сад, Србија. На кругови го освои “златото”. Триумфот на Бошњак е најголемото достигнување на македонската гимнастика. Докажавме дека пожртвувано, упорно и истрајно, можеме до врвни резултати – изјави Весна Поповска, секретар на Федерацијата за гимнастички спортови. Бошњак настапи и на партер, коњ со рачки, прескок, разбој и вратило. Севкупно е петти. Останатите од КГС Партизан Прилеп се пласираа: Ивана Јанкоска – десетта, Емилија Јовеска – 19-та, Александар Наумоски 28-ми. Имаше 60 учесници во женска и 111 во машка категорија од 10 земји.

Loading