СЕСТРИТЕ НИКОСКИ НА ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ

Во ЦК “Марко Цепенков”

Заеднички концерт на виолина и пијано, вечерва од 19 часот ќе имаат сестрите Христина и Софија Никоски. Пијанистката и виолинистката ќе се претстават во родниот град со дела од Сарасате, Шопен, Франк и Сен Сан. Настапот доаѓа по одличниот концерт во Битола. Претходно Софија имаше успешно претставување во Струмица. Виолинистката Софија неодамна дипломира на ФМУ, во класата на проф. Олег Кондратенко. Сега е постдипломец. Добитник е на повеќе интернационални награди. Настапила на значајни музички манифестации. Две години постара сестра, пијанистката Христина, е трета година на ФМУ во класата на проф. Марија Гошевска. Учествувала на повеќе државни и меѓународни натпревари по пијано, каде освоила бројни награди. Имала успешни концерти во земјата и странство. Концертот влегува во програмата на Министерството за култура за 2010 година за популаризација на класичната музика.

Loading