ИЗЛОЖБА НА ГЕРМАНСКИ ГРАФИТИ

Во Галеријата на ЦК

Изложба на 21 графика од 15-тина уметници од графичката работилница од Дрезден, Германија е отворена во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Делата се работени во висок печат (дрворез, линорез, рачно редење), потоа длабок печат (бакрорез, сува игла, бакропис, акватинта, мецотинта, мека превлака), се до рамен печат (литографија, алграфија, офсет). ЦК ја организира изложбата во соработката со амбасадата на Германија. Графичката работилница работи од 1958 година по иницијатива на дрезденските уметници Вернер Витиг и Клаус Вајденсдорфер. Се развила во меѓународно признат центар низ кој твореле повеќе од 600 уметници.

Loading