“ПЕПЕЛАШКА” ЗА СОЖИВОТ

“Пепелашка”, во режија на Саше Тренкоски е новата младинска детска претстава која премиерно ќе се изведи попладнево од 17 и 19 часот на сцената од театарот “Војдан Чернодрински”. Играат аматери, членови на театарската група при Мултикултурниот центар Тризла. Претставата е давање одговор како Дедо Мраз да í најде маж на мрзливата и каприциозна Пепелашка. Ќе биде весела предновогодишна бурлеска – вели режисерот Тренкоски. Ова е втора претстава на Мултикултурниот центар со поддршка на мрежата “Пет до дванаесет”, локалната самоуправа и ЦОСВ Македонија.

Loading