МУЗИЧКИ ДАР ЗА НОВА ГОДИНА

ОМУ “Ордан Михајлоски- Оцка”

Музичкото училиште “Ордан Мијахлоски – Оцка” и годинава со новогодишен концерт. Учениците на виолина, клавир, хармоника, флејта, кларинет, труба, тамбура, тапан, гајда … сношти понудија класика за новогодишен дар. Најдобрите таленти изведоа дела од Шостаковиќ, Брамс, Хајдн, Шопен, Моцарт, Равел, Вилијамс, Властимир Николоски. Во одлично издание беа и хорот и оркестарот. Убаво звучеа Џинг бел, “Маџарската игра”, валцерите, “Странец во ноќта”, “Продадена невеста”, како и македонските ора Старинско, Гајдарско.

Loading