“ДОБРИОТ ВЕЛИКАН” НА СЦЕНА

Во театар

“Добриот великан”, во режија на Милан Секулоски е новата претстава за деца која интезивно се подготвува во театарот. Претставата е по текст на бугарската писателка Красимира Методиева. Секулоски е и режисер, и актер и автор на музиката. “Добриот великан” е класичен текст со пораки да сме добри, паметни, за да нé не изеде Баба Рога. Има и еколошка порака дека околината треба да се чува здрава. Освен Секулоски и Александар Тодески, како професионални актери, играат и средношколците Бобан Алексоски, Ангела Кочоска, Илија Волчески и Теа Ѓорѓиоска, кои се дел од младинската сцена и веќе неколку години активно играат во театарот.. Текстот не е игран во Македонија. Ќе биде премиера. Ќе нема можност за споредби – објаснува режисерот. Сценографијата и видувањето на костимите ќе биде на Даниела Настоска. Претставата премиерно ќе се прикажи по Нова година, а ЦК “Марко Цепенков” ја подготвува со сопствени средства.

Театарот гостува во Ресен

Со претставите “ Од кол на кол” и “Волшебникот од Оз” театарот пред новогодишно в понеделник гостува во Ресен. Ресенската публика ќе може да се развесели и насмее на најгледаната претстава во последните десетина години во режија на Коле Ангеловски. Се очекува интерес и за “Волшебникот од Оз” во режија на Петар Димоски.

Loading