НИСКИ ЦЕНИ ЗА ТУТУНСКИОТ РЕВОЛТ

Неколку десетици кооперанти на Алијанса еден од Кавадарци реагираа на ниските откупни цени тутунот пред откупниот пункт. Се жалаат на проценката која, според нив, не минувала просек од 140 денари. Бараат да се врати ланската проценка од по 200 денари од килограм. Лидерот на тутунарите Данчо Милески вели дека нема трага од ланските цени. Квалитетот на родот е далеку повисок од лани, а цените се пониски. Вака залуден е трудот. В година никој нема да сади тутун. Очекувам пеглање на разликите и омекнување на проценката до 200 денари после следната средба меѓу претставниците на министерството за земјоделие и откупувачите, идната недела – вели Милески. Тутутнарот Вангел Кулески е разочаран од проценката. Бадијала работа со овие ниски цени, во споредба со лани. Родот се проценува по 140 денари од килограм. Не го давам тутунот, додека не се зголемат цените. Сé е поскапено, а тутунот не може да биде поефтин од 200 денари килограм – кажува Кулески. Сé уште не е интензивиран откупот. Тутунарите по традиција ја забрзуваат обработката по Божик. Сега главно калкулираат и експериментираат со предавање на мали количества неквалитетен тутун. Се проценува дека околу 12 илјади семејства од прилепско годинава произведоа околу 15 илјади тони тутун. Седум фирми откупуваат. Ќе платат околу 50 милиони евра. Тутунскиот комбинат не ги отворил вратите за откуп, оти нема пари за плаќање на родот. Тутунарите очекуват и по 60 денари од килограм, државна стимулација. Тоа ќе ја “чини” државата околу 15 милиони евра.

Loading